Рекламации на производи купени online

Ве молиме производот и неговата исправност да биде проверена при доставување на пратката, и доколку на него бедат забележани видливи оштетувања (нагмечување, искинати делови и/или останати физички недостатоци) да нѐ контактирате веднаш и без одложување на info@fitlab.mk со назнака БАРЕЊЕ ЗА РЕКЛАМАЦИЈА. Ве молиме пораката да ги содржи следните податоци:

  • Име и презиме на лицето кое ја направило нарачката
  • Име и презиме на лицето кое нѐ контактира (доколку се разликува)
  • Број на нарачка
  • Фотографии и/или видео материјал/и кои ги докажуваат недостатоците на производот
  • Соодветно објаснување

По приемот на електронската порака, ќе биде процесирана за не подолго од 3 работни дена и ќе биде одговорено на истата. Исходот од барањето и понатамошните чекори ќе бидат во корелација со одговорно лице од компанијата.

ВАЖНО: Имајте предвид дека доколку производот се испраќа назад преку курирска служба, сите трошоци ги сноси купувачот.

Откажување од нарачка

Откажување на нарачка се врши со испраќање на електронска порака на info@fitlab.mk со назнака ОТКАЖУВАЊЕ НА НАРАЧКА најдоцна 15 дена од направената нарачка.

Ве молиме пораката да ги содржи следните податоци:

  • Име и презиме на лицето кое ја направило нарачката
  • Име и презиме на лицето кое нѐ контактира (доколку се разликува)
  • Број на нарачка
  • Причина за откажување на нарачката

По приемот на електронската порака, ќе биде процесирана за не подолго од 3 работни дена и ќе биде одговорено на истата. Исходот од барањето и понатамошните чекори ќе бидат во корелација со одговорно лице од компанијата.

ВАЖНО: Имајте предвид дека доколку откажувањето на нарачката се случи по пристигнување на производот, тој треба да е неотворен и во состојба како што е доставен.

ВАЖНО: Доколку производот се испраќа назад преку курирска служба, сите трошоци ги сноси купувачот.

Поврат на средства од online купување

Доколку со одговорното лице биде договорено враќање на средства, наместо замена на производ, средствата се рефундираат на истата сметка од каде биле уплатени.

Рефундацијата од страна на компанијата се врши најдоцна 3 работни дена по одобрувањето на рефундацијата, додека понатамошното време на чекање е дефинирано од самите банкарски и меѓубанкарски преноси на средства.