Протеини и нивна улога во организмот

Балансираната исхрана значи внесување на сите макро- и микронутриенти во предвидените количини преку разновидна, здрава храна.
Овој исказ е извлечен од фактот дека ниту една храна не може да ни ги обезбеди потребните нутриенти во целост, самостојно.

Протеините се значаен сегмент од збирот на макро-нутриенти за кој се зборува. Имено, тие влегуваат во бројни биохемиски процеси во телото од аспект на градбени единици, но и регулатори на процеси.
Освен тоа, протеините претставуваат уште еден енергетски извор за организмор, а се вклучени и во здравјето на кожата, косата и ноктите.
За најголем дел од луѓето се препорачува околу 0,8 g дневен внес на протеини за секој килограм телесна маса. Но, се почесто се придава значење на различноста на секој човек и секое тело, која освен од генетиката зависи и од начинот на живот, затоа најправилниот начин кон пристапување кон оваа проблематика е консултација со диететичар или нутриционист.

Што се однесува до функцијата на протеините, тие во телото се распаѓаат на аминокиселини, кои пак се користат за различни цели.
Мора да се има предвид дека за репликација на нашата ДНК молекула се неопходни протеини, тие се и градбени единици кои влегуваат во состав на секоја клетка, протеините се и најважните составни делови на ензимите, а се дел и од мноштво други регулаторни процеси во организмот.

Во однос на квалитетот на протеините, во моментот, се водат полемики во светот на науката за растителните и животинските протеини, нивните разлики и потребата за предност во изборот.
Но, она што во моментот се знае за сигурно е дека протеините кои се конзумираат треба да ни ги обезбедат сите есенцијални аминокиселини со цел правилно функционирање.

Она што е добро кај протеините (во форма на додаток во исхраната) е тоа што може да се конзумираат на различни начини во комбинација со мноштво други намирници.
Токму затоа и FitLab, со цел да ја зголеми мотивацијата за конзумирање протеини, ги создаде:

  • Out of Stock
    109 ден
    • 239 калории по порција (крофна)
    • 16% протеини
    • Низок удел на шеќери
    • Без транс масти и холестерол
    • Без палмино масло
  • Протеински бар
    85 ден
    • 23 % протеини
    • Извор на диетални (растителни) влакна
    • Извор на 10 витамини
    • Без додадени бои
    • Без глутен
    • Достапен во 4 вкуса: банана, чоколада, црна рибизла и брусница и кокос
  • Протеински мусли
    219 ден
    • Богати со протеини и диетални влакна
    • Протеини од растително потекло (грашок и пченица)
    • 22 g растителен протеин на 100 g
    • 8,8 g диетални влакна на 100 g
  • 159 ден

    Прекрасни, крцкави бадеми обвиткани во високо-квалитетна, протеинска, млечна чоколада, без додаден шеќер. Вкусот потсетува на пралини од млечно чоколадо и бадем. Оваа крцкава ужинка е одличен извор на протеини помешу оброци, како додаток на некој од главните оброци или здрав, протеински десерт. Со протеинска, млечна чоколада Без додаден шеќер Извор…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *