100% Глутамин (L-glutamine) – 200g

595 ден

  • 5000 mg L-глутамин по доза
  • 100% L-глутамин во прав

39 на залиха

Description

100% чистиот глутамин (L-glutamine) е амино киселина чијашто примарна цел е градење на блокови за протеините. Воедно е и клучен дел од имунолошкиот систем.

Глутаминот е протеиногена, полу-есенцијална аминокиселина, која во најголем дел настанува и се складира во скелетните мускули. Ако потребата на организмот за глутамин е поголема од неговата способност да го произведе, вашето тело може да разложи протеини за да ослободи повеќе од оваа аминокиселина.Во хиперкатаболичките, односно хиперметаболичките состојби, како што се операциите, тешките повреди, изгореници и инфекции, се зголемува потребата од глутамин. Во такви околности телото не може да произведе доволно глутамин и поради тоа додатоците можат да помогнат во подобрување на имунолошката функција и во зачувувањето на протеините во организмот.
Исто така потребата за L-glutamine e голема и како последица на значајни физички активности.

100% чистиот глутамин (L-glutamine) е дел од протеинскиот комплекс и е главен преносител на кислород. Аминокиселините градат протеини кои подоцна допринесуваат за раст и одржување на мускулната маса. Тој природно се наоѓа во најразлична храна. Најголемите количини се наоѓаат во производи од животинско потекло поради нивната висока содржина на протеини. Речиси секоја храна што содржи протеини содржи и глутамин, но количините варираат.

*Поради тоа што глутаминот е аминокиселина која природно се произведува во организмот и ја има во многу видови на храна, не постои загриженост за несакани дејства доколку се консумира во нормални количини. Препорачаната дневна доза за консумирање е од 3 до 5 грама.

 


 

Постоиме за да им помогнеме на луѓето да практикуваат здрав начин на исхрана, преку избалансиран внес на протеини и витамини.
Нашата мисија е да помогнеме во постигнувањето на фитнес и здравствени цели, преку испорачување на исклучително хранлив спектар
на додатоци со високи перформанси, погодни за здрав живот.
Не јадете помалку, јадете здраво и на исправен начин. Еден живот, едно тело, една шансаFitlab.mk

Може да Ве интересира:

Рецензии

Сеуште нема препораки.

Додади препорака

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

SKU: 7311664-3830069176920 Категорија:
100% Глутамин (200g)

100% Глутамин (L-glutamine) - 200g

595 ден

39 на залиха