Разговор со експерт на тема “контрола на квалитет на додатоците во исхраната“

Имавме особено задоволство да разговараме со Спец. Оливер Мајсторов од Центар за Јавно Здравје – Скопје, кој ни овозможи да дознаеме нешто повеќе за тоа како што значи и како се утврдува безбедноста и квалитетот на додатоците во исхраната.

              Додатоците на исхраната претставуваат концентрирани извори на нутриенси или други супстанци со нутритивен или физиолошки ефект.

Тие најчесто се пуштаат во промет во вид на капсули, таблети или пак во форми како прашоци, ампули, раствори или други форми.

Во нутриенси може да се сместат витамините и минералите, но и други супстанци со физиолошко дејство, како аминокиселините, масните киселини, пре- и пробиотиците, одредени билки, алги и други биоактивни супстанци.

              Она што е важно е дека во Европа и кај нас, додатоците во исхраната се строго контролирани од одговорни институции преку редовни контроли, кои имаат за цел да ги проверат производите дали се во согласност со критериумите и барањара за безбедност според прописите и правилниците донесени на државно ниво, но и да ги проверат пропишаните карактеристики и препораќи со цел да се спречи надминување на препорачаните дневни количества, како и да се избегне конзумирање на додатокот од страна на лица за кои тој не е погоден.

Од хемиски аспект, испитувањата се прават во однос на вистинитоста на составот согласно декларираното, анализа на недозволени примеси и чистота на декларираните составни делови на производот.

Во некои случаи се прават и анализи за адекватноста на амбалажата.

Сите овие анализи се спроведуваат со различни техники и технологии, методи и анализи. На пример минералите се анализиираат со атомско апсорпциона спектроскопија, додека за спроведување на квалитативни (дали постои) и квантитативни (во колкава концентрација постои) анализи најчесто се изработуваат прочистени раствори кои понатаму се анализираат со помош на хроматографски-сепарациони техники.

Дополнително кај додатоците на исхраната постои одредување на присуството на тешки метали, а се спроведуваат и микробиолошки анализи за евентууално присуство на контаминенти.

               Откако сите резултати ќе бидат добиени се проследува кон анализа на усогласеноста, па дури потоа додатокот на исхрана се става во промет со цел сите предвидени опасности да бидат елиминирани и до конзументот да пристигне само квалитетен и одобрен производ.

Затоа, додатоците во исхраната е важно да се купуваат од регистрирани трговци и проверени брендови.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *