Темата исхрана ја зголемува заинтересираноста на луѓето за најновите трендови во нутриционизмот. Со тоа се зголемува и обемот на истражувања во областа.
Научниците, нутриционистите и професорите секојдневно се обидуваат од научен аспект да ги истражат зависностите помеѓу храната и сите останати аспекти на животот. Фитнес тренерите се фокусирани на практичното докажување на теориите, а инфлуенсерите се обидуваат да ги доближат информациите до пошироката јавност.
Она од каде може да се започне со зборување за здрава храна е следното:
* Храна е поединечен или збир на производи кои ги конзумираме
* Исхрана е физичка, психичка и социјална активност која влијае на здравјето и на целокупната благосостојба на организмот
Поради новите трендови на тема исхрана кои секојдневно се појавуваат на информационите канали често имаме потреба да добиеме директи информации од стручни лица со цел разрешување на одредени дилеми и митови. Но овој пат зборуваме со нив со цел да ни ги доближат најновите 5 трендови во исхраната:
1. Одржлива и исхрана со ниско влијание на животната средина
Експертите велат дека се почесто се зголемува побарувачката за здрава храна со ниско влијание на животната средина. Луѓето стануваат поодговорни за изворите на ресурси кои ги користат и се позагрижени за благосостојбата на планетата. Започнуваат да внимаваат и на амбалажата и еколошкото паковање. А, со цел да ја заштитат природата од влијанието на јаглеродниот диоксид се почесто се одлучуваат за домашни отколку за увозни производи.
2. Веганска исхрана и растителна храна
Бројот на лица кои практикуваат алтернативни начини на исхрана се почесто се зголемува. Аналогно на тоа се зголемува и потребата од производство на храна наменета за тие конзументи. Експертите предвидуваат дека интензитетот на ширење на информациите за позитивните ефекти на ваквиот начин на исхрана ќе бележи постојан пораст.
3. Персонализирана исхрана
Се забележуваат се поголем број на алергии, интолеранција на храна и неможност за постигнување на саканите резултати. Тоа ги мотивира конзументите да се обратат до експертите за исхрана и нутри-генетика. Тие врз основ на бројни анализи кои вклучуваат и анализа на генетскиот код изработуваат персонализиран план за исхрана. Освен тоа прават прецизни мерења за потребата од додатоци во исхраната и начинот на нивно конзумирање.
4. Нутритивна конфузија
Иако за разлика од претходните 3, во овој случај се работи за негативен тренд, сепак постои и се шири со неверојатна брзина.
Овој тренд го вклучува ширењето на дезинформации и лажни вести поврзазни со исхраната кои не само што немаат ефекти, туку може да нанесат и штета.
Токму затоа пред да пристапите кон кој било од овие трендови во исхраната, советувајте се со експерт и добијте ги вистинските информации. Информирањето ќе помогне да се заштитите себе си и вашето тело.
Напишете коментар