Чоко-сируп, без шеќер, со многу чоколадо

Слатките задоволства се навистина голем предизвик кога доаѓа до потребата од нивно избегнување.

Таа потреба често се појавува поради гојазност или модерирање на телесната тежина која пречи за одвивање на процесите во организмот на предвидениот начин, а неретко таа потреба се појавува и поради зголемен ризик од појава на дијабетес тип 2.

Избегнувањето на слатките по период на постојано конзумирање претставува навистина голем предизвик. Поради тоа не секогаш решението се наоѓа во комплетно изолирање од оваа храна, туку модифицирање на суровините од кои истата е направена. Имено, со напредокот на технологијата, особено во областа на прехранбената индустрија и биотехнологијата во моментот можеме да уживаме во далеку поздрави варијанти на храната од претходно.

Од исклучителна важност за одржување по патеката на здравата храна и постигнување на целта за избегнување на слатките од исклучителна важност е комплетно елиминирање на рафинираниот шеќер, односно негова замена со алтернативни полиоли (шеќерни алкохоли) кои не предизвикуваат енергетски дисбаланси во телото, како што тоа го прави шеќерот, а сепак имаат блиски органолептички својства со цел одржување на задоволството.

На пазарот се достапни повеќе такви производи, а воедно и производи кои се слатки, но имаат и додадена вредност преку збогатување со дополнителни микро- и макронутриенти.

Во тој контекст FitLab го презентира својот Чоко-сируп, без шеќер и најниска калориска вредност на пазарот. Совршен за засладување на омиленото кафе, подготовка на здрави колачи и торти или за конзумација на стариот, добар начин: полна лажица чоко-сируп.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *