BCAA гумени бомбони

Доколку сте личност која постојано е во потрага по нови вкусови и иновативни начини на трансформација на храната, пијалаците и додатоците во исхраната, а истовремено да се храните здраво и да го одржите нивото на BCAA на посакуваното ниво, тоа може да го направите за само 20 минути со овој одличен, брз и здрав рецепт за гумени бомбони со BCAA.

Време на подготовка: 20 минути

Состојки

  • 240ml сок од шумско овошје
  • 2 лажици сладок сируп (агаве, јаворов, мед)
  • 4 лажици желатин (или агар-агар како супститут за вегетеријанци и вегани)
  • 10g BCAA од FitLab

Подготовка

1. Во тенџере загрејте ја мешавината од овошниот сок и слаткиот сируп. Во моментот кога мешавината ќе започне да испарува, тргнете го тенџерето од изворот на топлина и додајте го агенсот за желирање. Мешајте до негово потполно растворување.

2. По чекор 1, додајте го BCAA прашокот и мешајте до комплетно растворање.

3. Пренесете ја течноста во соодветни модли и поставете ја во фрижидер до потполно желирање.

4. Извадете ги гумените бомбони од модлата, поставете ги во тегла и чувајте ги на суво и ладно место.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *