Бенефиции од конзумирањето на шејкови

Зачудувачки е фактот дека во светски рамки луѓето со прекумерна тежина имаат недостаток од клучни нутриенти, просто звучи парадоксално. Но, објаснувањето е едноставно, овој феномен се должи на прекумерниот внес на „празни калории“, односно храна со неквалитетен нутритивен состав, единствено богата со енергија, а згора на се бележиме и недостаток на физичка активност. Со ваков тип на исхрана кој обезбедува вишок на калории, а недоволно витамини, минерали и антиоксиданси станува сигурно дека на долг рок тоа ќе нанесе штета на организмот.

Начинот на кој може да се спротиставиме на овој тренд е преку конзумирање на храна со избалансиран калориски и нутритивен состав. Совршен оброк кој се совпаѓа во тие рамки се протеинските шејкови. Протеинските шејкови имаат поголем број на бенефиции кои телото ќе ги препознае уште првиот ден по промената на начинот на исхрана.

  • Протеинскиот состав ќе помогне подолго време да се чувствувате најадени, а со тоа и да го ограничите внесот на јаглехидрати. Ќе помогне со зголемување на мускулната маса за сметка на масното ткиво и ќе влијае на зголемување на волуменот на мускулните влакна.
  • Овошјето и зеленчукот ќе додадат вкус на вашиот протеински напиток, ќе го збогатат со витамини, минерали, овошни шеќери и ензими кои ќе помогнат при варењето на храната и ќе овозможат телото да го абсорбира најдоброто од неа.
  • Здравите масти кои ја поддржуваат работата на срцето и мозокот треба да бидат дел од секој протеински напиток и тоа најчесто во форма на ленено семе, сончоглед или семки.
  • Минералите како значајни елементи во функционирањето на ензимските процеси во телото, во вашиот протеински напиток може да се додадат преку бадеми или фстаци.
  • Прехранбените влакна како витален дел од правилното функционирање на цревата лесно ќе се внесе со додавање на овесни снегулки, чија семе или јаболка.

Со почетокот на конзумирање на шејкови експертите забележале промени во активноста, односно енергијата на конзументите, увиделе регулација на празнење на цревата, регулирање на телесната тежина и уште бројни позитивни промени со кожата, состојбата на внатрешните органи и расположението.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *