Што пропушташ доколку не вежбаш?

Несомнено е дека зголемената физичка активност носи бројни бенефиции за телото и целосното функционирање на организмор, но одлуката да се започне со вежбање во теретана, фитнес, да се трча или едноставно да се вежба во рамките на домот не е секогаш лесна одлука.
Но, доколку сме решителни и тргнеме по патот на здравиот начин на живот ќе ги почувствуваме следните придобивки:

  1. Ќе се чувствуваме посреќни
    Вежбањето во значителна мера го забрзува метаболизмот и крвотокот. Тоа значи, зголемен пренос на хранливи материи до сите клетки, повисоко ниво на кислород во организмот и побрзо спроведување на процесите на „чистење“, односно биохемиските процеси при кои телото се ослободува од непотребните материи.
    Сето ова доведува до чувство на олеснување, зголемена свест и почисти мисли, што значително влијае на нашата среќа.
  2. Ќе имаме повеќе енергија
    Иако звучи како спротиставеност, вежбаме за да имаме повеќе енергија, сепак вежбањето како што беше напоменато го зголемува нивото на кислород во организмот и не прави побудни, а воедно придонесува за правилно одвивање на метаболитските процеси во телото при што се спречува појавата на пикови и падови во енергијата.
  3. Го регулира спиењето
    Физичката активност помага во регулација на спиењето преку исцрпување на вишокот енергија во телото, акумулирана преку несоодветна исхрана или седеечка работа.
  4. Влијае на намалување на телесната тежина
    Телото започнува со поголем интензитет да ги процесира мастите, со што добиената енергија се троши за враќање на енергетскиот долг кон клетките. Тој процес е проследен со процесот на губење на телесната маса.
  5. Ја зголемува самодовербата
    Доколку со вежбањето се постигнат и значително видливи резултати, зголемувањето на самодовербата е неизбежно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *