Што всушност е здрав начин на живот?

Веројатно можете да забележите секогаш кога ќе застраните од патеката на здравиот живот со инстант промените кои се случуваат во вашето тело, од промени во расположенитео, концентрацијата, енергијата, па се до промена во дигестијата.
Добрата вест е дека при секое навремено враќање кон здравиот начин на живот може да забележите и враќање на сите фактори во нормала.

Но често се поставува прашањето: „Што всушност е здрав начин на живот?“.
Одговорот според секоја индивидуа е различен, затоа што додека тоа за еден важи утриски вежби и конзумирање на здрава храна, за друг тоа е живот без стрес, нервоза и исполнет со позитивни мисли и среќа. Некои тоа пак го подразбираат како постојани и интензивни тренинзи во теретана, за некои тоа е трајна кето диета и комплетно избегнување на нездрава храна и алкохол.

Но, иако не постои прецизна дефиниција, може да се сумира дека здравиот начин на живот ги комбинира сите фактори кои придонесуваат за благосостојба на телото и умот и допринесуваат за исполнет живот, каде се чувствуваме убаво и здраво во сопственото тело.

Токму од оваа дефиниција може да се забележи дека дефинирањето на здравиот начин на живот е субјективно и зависи од сопствените потреби, а активностите поврзани со таа цел може да се менуваат во текот на животот во зависност од здравствената, социјалната и психолошката состојба на индивидуата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *