Предности од здравиот начин на живот

Одлуката да се започне со здрав начин на живот освен тоа што е огромен предизвик со себе носи и бројни придобивки, доколку успее да се одржи.

Како на пример, бројни студии покажуваат дека промената на животниот стил во однос на подобрување во квалитетот на исхраната, како и воведувањето на физички активности во секојдневието, веќе по 8 недели предизвикува подобрување на работата на кардиоваскуларниот систем.

Во друга студија е утврдено дека зголемување на внесот на зеленчук за 66 грама во секојдневната исхрана, а за сметка на намалување на хездравата храна за исто количество значително ги намалило ризиците за развој на дијабетес тип 2.

Но, освен здравствени придобивки, здравиот начин на живот може да доведе и до заштеда на финансиски средства.

Ова може да се направи на повеќе начини:

  1. Здравиот начин на живот предвидува и постојана контрола на здравствената состојба и спроведување на редовни здравствени прегледи. Ова освен тоа што може значително да помогне при раната дијагностика на болестите, индиректно допринесува и за заштеда на средства, токму со раната дијагностика која оневозможува непредвидени тошоци за лечење на отежнати или тешки состојби.
  2. Здравиот начин на живот го промовира и пешачењето и користењето на алтернативни превозни средства со кои освен тоа што се задржува кондицијата допринесува да заштедите пари за превоз.
  3. Здравата храна може да биде и ефтина, особено доколку се купува на локалните пазари и се користат локални намирници, со тоа не само што штедите пари, туку и значително го зголемувате внесот на полезни макро- и микронутриенти.

Дополнителна вредност која ја носи здравиот начин на живот е тоа што, условно кажано, може да го продолжи животот.

Имено, одредени истражувања покажуваат дека исфрлањето на пороците, нездравата храна и внесот на постојана физичка активност во животот, може да го продолжат живеењето и за 14 години.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *