КАРЕС ГРОУП ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст компанија/та) ја почитува и цени вашата приватност поради што има тенденција да се придржува до „Законот за заштита на лични податоци„ и сите регулативи поврзани со него, а во врска со секаков тип на лични податоци кои се собрани од страна на купувач / посетител / клиент на нашата веб страница, а се потребни за остварување на целта на компанијата, остварување на договорните услови при реализирање на купување (од страна на купувач / посетител / клиент на нашата веб страница), односно на продажба и испорака од страна на КАРЕС ГРОУП ДООЕЛ Скопје и партнерската компанија која раководи со услугите на испорака, како и се потребни за реализирање на маркетинг целите на компанијата.

Оваа политика на приватност се однесува на собирањето, раководењето и користењето на сите лични податоци собрани преку веб-страницата kares.mk и други страници кои компанијата ги уредува, односно е нивен сопственик.

Оваа политика стапува на сила од 1.1.2021 и истата е предмет на годишна ревизија.

КАРЕС ГРОУП ДООЕЛ Скопје го задржува правото за ревизија и промена на условите и надвор од наведената годишна ревизија, а во контекст на прилагодување на локалните законски норми и следење на светските стандарди и трендови за управување со податоци.

Податоци што се предмет на собирање, обработка, користење и понатамошно раководење

Податоците кои КАРЕС ГРОУП ДООЕЛ Скопје ги собира и располага со нив се податоци исклучиво обезбедени преку самоволно и свесно предавање од страна на купувач/посетител/клиент на нашата веб страница или на друга алатка/платформа која компанијата ја користела, ја користи и/или ќе ја користи за исполнување на своите продажни, маркетинг или други цели поврзани со работата на компанијата.

Автоматско прибирање на податоци

При посета на веб-страницата на компанијата постои можност за автоматско зачувување на одредени податоци кои имаат за цел подигнување на степенот на Вашето корисничко искуство.

Тие податоци може да бидат, но не се ограничени на:

  • Стандардни податоци од веб-пребарувач;
  • Адреса на интернет протокол (IP);
  • Посетени страници во рамките на веб-страницата на компанијата;
  • Време на посета и локација на уредот;
  • Време поминато на посетените страници;
  • Други технички детали за посетата и извршените активности.

Наведените автоматско прибрани податоци не можат да служат за лична идентификација на корисникот.

Прибирање на лични податоци

Веб-страницата на компанијата е отворена за секој посетител со пристап до интернет врска, но со цел користење на сите нејзини можности постои обврска за приложување на лични податоци.

Лични податоци кои се прибираат при регистрација или користење на услугата LiveChat:

  • Име (при користење на услугата LiveChat);
  • Адреса на електронска пошта;
  • Лозинка (при регистрација како корисник).

Лични податоци кои се прибираат при пополнување на личен профил, односно при пополнување на формулар при случување на договор за купување, односно продавање на производ помеѓу купувачот и компанијата:

  • Име;
  • Презиме;
  • Назив кој се прикажува на профилот;
  • Адреса на плаќање, односно адреса на достава доколку се разликуваат;
  • Телефонски број.

Податоците за извршените трансакции се поврзани со профилот на купувачот и истите остануваат како информација во сопственост на компанијата. Податоците за извршените трансакции се чуваат во тајност и се предмет на обработка исклучиво при:

  • Организирање на реализацијата на купопродажниот договор;
  • Барање од клиент за рекламација, замена, поврат на производ.

Податоците поврзани со платежното средство (број на платежно средство и CVV код) се предмет на обработка единствено од страна на банката соработник на компанијата (во случајот КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД Скопје), а КАРЕС ГРОУП ДООЕЛ Скопје нема никаков увид во истите.

Безбедност и време на зачувување на личните податоци

Собирањето и обработувањето на личните податоци се заштитени во рамките на комерцијално прифатливите средства со цел спречување на кражби, неовластен пристап, откривање, неовластено користење или неовластена модификација.

КАРЕС ГРОУП ДООЕЛ Скопје покрај заштитата која ја спроведува, а е во моќ на компанијата НЕ гарантира потполна заштита на личните податоци, согласно практиките кои укажуваат дека ниту еден метод на пренесување, зачувување и менаџирање со податоци, а е мрежно поврзан и електронски управуван не е во можност да обезбеди, а соодветно на тоа ниту да гарантира 100% сигурност.

Иако ќе се потрудиме да ги заштитиме личните податоци што ни ги давате, Ве советуваме дека ниту еден метод за електронско пренесување или складирање не е 100% безбеден и никој не може да гарантира апсолутна безбедност на податоците.

При станувањето на корисник на веб-страницата на компанијата потврдувате дека сте информирани за ризиците од губење, крадење и/или неовластено раководење со личните податоци и ги прифаќате истите, при што во таков случај компанијата нема никакви обврски кон посетителите/корисниците на веб-страницата, а истата е во состојба на оштетена страна, за што правдата ќе ја бара со помош на надлежни истанци.

Компанијата Ве информира дека Вие, во својство на посетител/корисник сте одговорни за изборот на лозинката од која, во голема мера, произлегува безбедноста на корисничкиот профил, обезбедувајќи безбедност на вашите лични податоци во границите на нашите услуги.

КАРЕС ГРОУП ДООЕЛ Скопје не сноси никаква одговорност за начинот на заштита и управување со вашите кориснички детали, со посебен акцент на лозинката на Вашиот кориснички профил.

Времето на зачувувањето на личните податоци на корисниците во рамките на системите на компанијата е во зависност од нејзините потреби.

Во најмала мера податоците се чуваат се до завршување на купопродажниот договор, но временскиот период зависи од потребата на компанијата за нивно користење.

Без разлика на времето на задржување на податоците во компанијата истите биле, се и ќе бидат менаџирани во согласност со последната политика за приватност на компнијата, а според законските норми и регулативи.

Откако на личните податоци ќе им заврши употребната вредност за компанијата истите ќе бидат отстранети или во најмала рака претворени во анонимни преку остранување на информациите преку кои може да дојде до идентификација на личниот идентитет.

Приватност на лица помлади од 16 години

Ниту еден производ на компанијата не е маркетиран директно кон деца, поради што се оградуваме од свесно собирање на нивни лични податоци, не препорачуваме да ја користат нашата веб-страница без дозвола од родител/старател и да вршат какви било активности на истата.

Споделување на податоци со трети страни

За исполнување на целите на компанијата, таа може да сподели податоци со:

  • Неограничен број на нејзини подружници;
  • Трети даватели на услуги со цел овозможување на работа на платформата и соодветно корисничко искуство (даватели на ИТ услуги, складирање на податоци, провајдери на хостинг и сервери, рекламни или аналитички платформи, социјални мрежи, но не ограничено на тоа);
  • Вработени во компанијата;
  • Соработници на компанијата кои се дел од процесот на исполнување на обврските и работата на компанијата;
  • Промотори на натпреварувања, игри на среќа, промоции, но не ограничувајќи се на тоа;
  • Законски регулаторни тела и службеници за спроведување на законот, а со цел да се остварат или одбранат законски права на компанијата.

Меѓународен трансфер на лични податоци

Личните податоци со кои управува компанијата се предмет на обработка, користење и складирање преку сервери кои географски не се лоцирани во истата земја со компанијата.

Поради оваа разлика компанијата информира дека кај информатичката и информациската инфраструктура или нејзини делови постои веројатност да не важат истите прописи за заштита на податоците како во земјата во која првично сте ги дале податоците, но компанијата истите ги управува согласно регулативите во земјата во која е регистрирана.

Управување со сопствените лични податоци

Компанијата го обезбедува правото на секој корисник да се огради од споделување на личните податоци, при што корисникот разбира и прифаќа дека тоа може да влијае на корисничкото искуство.

Компанијата го почитува правото на корисникот при негово барање, а по соодветна верификација на идентитетот, да обезбеди информација за бројот и видот на личните податоци на барателот со кои располага.

Во случај на обезбедување на лични податоци за трето лице и нивно користење на веб-страницата на компанијата, по било кој основ, разбирате и прифаќате дека за управување со нив мора да имате соодветна дозвола, односно разбирате дека при отсуство на споменатата дозвола вршите кривично дело и во случај на пријава компанијата се оградува од сите институционални постапки.

Компанијата овозможува на секој корисник на веб-страницата за кој се прибрани податоци, во кој било обем, да побара трајно бришење на податоците. Ова барање се поднесува на [email protected]. Ве молиме имајте предвид дека за спроведување на оваа активност од Вас ќе бидат побарани активности со цел потврдување на идентитетот.

Компанијата преку делот „МОЈА СМЕТКА“ овозможува ажурирање на корисничките податоци. Во случај на технички или други проблеми со споменатата активност корисникот може да побара помош на [email protected].

Изјава за колачиња

Со цел подобрување на корисничкото искуство, како и понатамошно маркетирање, компанијата на нејзината веб-страница користи „колачиња“, мал збир на податоци што веб-страницата ги чува на Вашиот компјутер и пристапува кон нив при секоја повторна посета.

Завршни одредби и ограничувања

При користење на линкови кои се наоѓаат на веб-страницата, а водат надвор од истата, компанијата не одговара за содржината, безбедноста и начинот на користење и менаџирање на податоците од страна на другиот субјект.

Компанијата се оградува од сите проблеми произлезени од управувањето со лични податоци, поради свесно преземени активности за нивна заштита.

Користењето на веб-страницата на компанијата значи и автоматско, доброволно прифаќање на сите информации, барања и услови наведени во „Политика за приватност“ и „Услови за користење“ објавени на веб-страницата.

За дополнителни прашања или проблеми произлезени од политиката за приватност слободно контактирајте нѐ на: [email protected].