Митови за храната и вежбањето

Во потрага по поздраво живеење, здобивање со поатрактивен изглед и поголема самодоверба често се информираме за трендовите поврзани со исхраната и вежбањето.
Но, во светот на брзото ширење на информации, постојано се појавуваат нови, како полезни така и штетни совети поврзани со здравиот начин на живот.

Најчести примери за вакво пласирање на митови се:

  1. Диетите претставуваат измачување
    Зборот „диета“ често пати е изгубен во преводот и веднаш се разбира како краткорочна активност со цел намалување на килограмите. Всушност, диета може да значи и долгорочен план, начин на исхрана, каде се води сметка за изборот на храна која се внесува во телото.
    Ваквиот тип на долгорочни активности даваат поквалитетни резултати, без притоа телото да претпува шок. Но, во секој случај регулирањето на телесната тежина претставува еден од условите за здраво и среќно секојдневие.
  2. Важноста на вежбањето ја надминува важноста на исхраната
    Неопходно е да се разбере дека не постои начин на вежбање кој може да надомести за внес на „лоша“ храна во големи количества, односно само 20% – 30% од вежбањето е последица на вежбањето, се останато е последица на исхраната.
  3. Тежината се губи единствено со кардио вежби
    Кардио вежбите, навистина согоруваат голем број калории при нивното практикување, но немаат големо продолжено дејство. Доколку се фокусирате на зголемување на мускулата маса, преку практикување на одредени вежби ќе забележите дека мускулните влакна ја зголемуваат енергетската потреба на организмот и долгорочно трошат повеќе калории.
  4. Голем број на прехранбени производи се забранети
    Здравиот начин на исхрана поттикнува исхрана со голем вариетет, но не исклучува ништо што не би ја нарушила безбедноста на конзументот.
    Разликата е во тоа што здравиот начин на исхрана ви дозволува да јадете помалку здрава храна, но не ве поттикнува тоа да го правите постојано.
    Сепак пред да конзумирате што било треба да се запрашате „дали навистина внесените калории вредат?“.
  5. Постојат додатоци во исхраната од кои се слабее
    Постојат огромен број на производи на пазарот кои наметнуваат не само дека се полезни во процесот на намалување на телесната тежина, туку дека тие самите го прават тоа, без ваш труд.
    Голем број на научни студии покажуваат дека, иако некои од производите го забрзуваат метаболизмот и промовираат побрзо случување на биохемиските процеси, сепак самите нема да постигнат никако ефект, без ваше комплетно вложување.

Во медиумите, а особено на интернет постојат уште многу голем број на вакви митови. Затоа, при вашето информирање користете релевантни медиуми и информациите проверувајте ги повеќекратно.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *