Внес на протеини и возраст

Протеините претставуваат макронутриенти кои се од исклучителна важност за создавање и одржување на мускулната маса, а се составени од амино-киселини кои освен во мускулите се градбени единици и на ензимите.
Одредени истражувања покажуваат дека возрасна личност има потреба за внес од протеини во концентрација од 0,8 g на килограм телесна тежина, но сепак овој внес се менува со возраста.
Особено треба да се внимава во однос на концентрацијата во која се внесуваат протеините кај постари лица со цел да се задржи оптималното здравје на коските.

Затоа потребно е да се направи поделба по возрасни групи со цел да се разреши факторот за возраста и внесот на протеини.

Внес на протеини кај лица до 18 години:
Иако главната категорија кај децата е од 0 до 18 години, сепак таа категорија е дополнително разделена на уште 4 подкатегории.
Неважно во која од овие возрасни категории припаѓа лицето се препорачува целокупниот внес на протеини да биде преку исхраната, а не во форма на додатоци, освен ако за тоа не е увидена потреба од стручно лице.
Вообичаено децата од 4-9 годишна возраст имаат потреба од околу 19 g протеини на ден, додека децата од 9-13 години по 34 g.
Потребата е значително зголемена кај децата од 14-18 години кои имаат потреба од 46 g за девојчиња и 52 g за момчиња.

Внес на протеини кај лица од 18-65 години:
Кај овие лица се користи веќе споменатата формула за пресметување на потребниот внес на протеини во согласност со телесната тежина, но со оглед на тоа што се работи за генерациска разлика од речиси 50 години внесот на протеини може да биде прилагоден согласно животниот стил и физичката активност. Имено, кај индивидуи кои практикуваат висока физичка активност и имаат цел да земаат храна со повисока концентрација на протеини може да го зголемат протеинскиот внес од 0,8 g на 1.1 g. Иако, тоа зголемување треба да е направено во консултација со стручно лице.

Внес на протеини кај лица над 65 години:
Навлегувањето во периодот на старост значи и значителни физиолошки промени во телото. Дегенерацијата на мускулите започнува значително да расте, а издржливоста на коските опаѓа.
Со цел да се даде поддршка на целосниот мускулен и скелетен систем од витално значење е зголемување на протеинскиот внес и тоа на 1 g до 1.2 g на килограм телесна маса.

Овие формули се орентационо произнесени од извршени истражувања за најчестите пројавени потреби на лицата кои подлежеле на истражувањата, но консултацијата со стручно лице пред спроведување на каква било промена во исхраната е задолжителна.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *